СЕГА БРОИ 25. ПОГОДОЦИ ВО ПРЕМИЕР ЛИГАТА

СЕ КОЛНЕШЕ ВО ЌЕРКАТА, И ЈА СМЕНИ ОДЛУКАТА: Признат голот на Хери Кејн (ВИДЕО)

Со четири дена задоцнување од Премиер лигата одговорија позитивно, па голгетерот на Тотенхем има гол плус на своето конто во оваа сезона...

објавено: 12 април 2018 - 12:58

Даде гол минатата сабота, нов премиерлигашки за него, но му беше признат дури четири дена подоцна.

Напаѓачот на Тотенхем Хери Кејн го даде вториот гол во победата над Стоук од (2:1), но тој му беше припишан на Кристијан Ериксен, кој пак го реализираше првиот гол за Спарси.
Но после жалбата, Премиер лигата и службено му го припишаа на членот на „Гордиот Албион", потврдено е после прегледувањето на снимката.
Веднаш по мечот, самиот Кејн изјави дека топката го допрела неговото рамо после шутот на Ериксен од слободен удар, а пред да ја помине онаа гол-линија.

„Се колнам со животот на својата ќерка дека ја допрев топката, но јас тука не можам ништо"- рече Кејн во саботата. "Ако ја сменат одлуката, во ред, ако го прифатат мојот збор, исто така Најважно е дека победивме"- дополни Кејн.

Засега има 25. голови во Премиер лигата, но му недостасуваат уште четири за да се израмни со водечкиот стрелец, Мохамед Салах оф Ливерпул.

 

Најново во Меѓународен Фудбал