се поверојатен е ваков расплет

Се подготвува ли трансфер од 200 милиони евра?

Реал Мадрид по секоја цена сака во своите редови да го доведе Еден Азар од Челзи

објавено: 9 февруари 2018 - 19:30

Еден од најдобрите играчи на Челзи, Еден Азар веќе подолго време е на мета на Реал Мадрид. „Кралскиот клуб“ веќе подолго време се обидува да го доведе белгискиот репрезентативец, но засега тоа е залудно.

Тренерот на мадриѓани, Зинедин Зидан секогаш имал симпатии кон играта на овој играч, а сега сигурно на Реал му е потребна промена. Самиот Азар вели дека сите опции се отворени.

„Се сеќавам како пред 10 години, Зидан збореше за мене. Тоа беше неверојатно, бидејќи Зинедин беше мојот идол кога бев дете.  Тогаш гледав клубови од неговата игра, а сега е тренер во еден од најдобрите клубови. Дали би можели да направам тансфер во Реал? Во фудбалот никогаш не се знае што може да се случи уште утре. Јас сум среќен во Реал“, рече Азар за шпанска „Марка“.

Од Челзи најавија дека доколку некој сака да го купи Азар ќе мора да плати барем 200 милиони евра, што би било втор најскап трансфер во историјата на фудбалот. 

Најново во Меѓународен Фудбал