ПОМИНАА ТОЧНО СЕДУМ ГОДИНИ

Се сеќавате ли на овој легендарен поздрав на Пике и за кого беше наменет?

Жозе Мурињо за прв пат беше на клупата на едно „Ел Класико“ и го претрпе еден од најтешките порази во кариерата 

објавено: 29 ноември 2017 - 18:30

На денешен ден пред точно седум години, Барселона му го нанесе еден од најсрамните порази на вечниот ривал Реал Мадрид. Каталонскиот гигант со убедливи 5:0 славеше против „кралскиот клуб“, кој си замина понижен од „Камп Ноу“.

Чави и Педро погодија по еднаш, два гола даде Давид Вилја, а на крајот „петардата“ ја завери Џефрен. Кристијано Роналдо и останатите ѕвезди на гостинскиот тим немоќно ја гледаа радоста на Барселона. Исфрустрираниот Серхио Рамос доби црвен картон, поради намерно удирање на Лионел Меси. Рамос сакаше да го повреди Меси, но Аргентинецот покажа колку е и физички цврст. 

Потегот на мечот го имаше Жерар Пике, кој со високо крената рака и жироко отворени пет прсти ги поздрави гостите, покажувајќи им со колку гола во нивната мрежа ги испраќаат назад во Мадрид. Ова дерби засекогаш ќе го памти и тренерот на Реал, Жозе Мурињо, кој за прв пат беше дел од „Ел Класико“ и го доживеа еден од најголемите неуспеси.

 

Најново во Меѓународен Фудбал