ШОКАНТНО ОТКРИТИЕ

Се спремало убиство на Рикардо Гарека

Убиството било планирано во периодот, кога Аргентинецот играл за колумбискиот клуб Америка де Кали (1985 - 1988 год.).

објавено: 16 октомври 2018 - 14:01

Еден од бодигардите на поранешниот колумбиски наркобос Пабло Ескобар, Џон Хајро Васкез со прекар Попај во интервју за перуанскиот „Популар" изјави дека наркобосот му дал задача да го убие аргентинскиот фудбалски тренер Рикардо Гарека, сега селектор на Перу.

Убиството било планирано во периодот, кога Аргентинецот играл за колумбискиот клуб Америка де Кали (1985 - 1988 год.).

Гарека бил цел на картелот на Меделин. Војната меѓу картелите на Кали и на Меделин запична кога експлодира бомба поставена во близина на живеалиштето на Ескобар. Наркобосот одговори со серија на напади и атентати. „Попај" изјави дека Ескобар планирал да постави автомобил бомба на стадионот на Америка де Кали, каде противничкиот картел ќе биде удрен во срцето.

Рикардо Гарека беше на листата на личности за ликвидација на Ескобар. Гарека тогаш беше еден од најпопуларните играчи на клубот од Кали, а планираниот атентат не се случи само поради љубовта на „Ел Патрон" кон фудбалот", раскажува „Попај".

Љубовта на Ескобар кон фудбалот ги спаси и сите играчи на Америка де Кали, а планиравме на нивниот стадион да внесеме автомобил бомба. Некои играчи дури ги киднапиравме и им се заканувавме дека ќе ги убиеме ако не играат како што ние ќе кажеме", вели тој.

На 15 ноември 1989 година Ескобар ладнокрвно го уби фудбалскиот судија Алваро Ортега кој направил грешка за време на мечот меѓу Америка де Кали и Индепендиенте Меделин (3:2). Тој не признал гол за Индепендиенте, омилениот клуб на Ескобар.

Ескобар беше убиен пред 25 години.

Најново во Меѓународен Фудбал