ЕТЕ КОЛКУ ПАРИ ДОБИВААТ МЕСИ, НЕЈМАР, СУАРЕЗ...

Сега се знаат платите на ѕвездите во Барселона

Во соблекувалната на каталонскиот гигант дефинитивно седат едни од најскапите играчи во светот

објавено: 18 април 2017 - 09:40

Барселона има само уште еден ден да се подготви и да се обиде да го направи невозможното, а тоа е да ја анулира негативата од 3:0 против Јувентус по првиот меч во четвртфиналето во Лигата на шампионите. Новинарите во Шпанија решија пред мечот против италијанскиот првак, да ги објават платите кои ги добиваат ѕвездите на „Камп Ноу“.

Очекувано Лионел Меси е најскапоплатен фудбалер. Аргентинскиот виртуоз добива 430.000 евра неделно, што значи дека платата му е 22,3 милиони евра. Нејмар неделно добива 342.000 евра за седум дена, што е околу 18 милиони евра. Трет според платата е Луис Суарезсо 283.000 евра неделно, што е околу 15 милиони евра на годишно ниво. 

Иван Ракитиќ годишно добива 4,1 милиони евра, односно 80.000 евра неделно. Помалку од него добиваат голманот Марк Тер Штеген (70.000 евра), Алекс Видал (70.000), Јаспер Силесен (65.000), Лукас Дигне (65.000), Денис Суарез (47.000), Рафиња (44.000)...

 

Најново во Меѓународен Фудбал