хрватот бранеше со маицата на која е починатиот Чустиќ

СЕКОЈА ЧЕСТ: Субашиќ имаше „помош“ од небото!

Чуварот на мрежата на „коцкестите“ секогаш кога е најпотребно ја носи среќната маица на која е ликот на некогашниот негов соиграч Хрвоје Чустиќ

објавено: 1 јули 2018 - 23:29

Даниел Субашиќ е херојот на Хрватска. Голманот на „коцкестите“ одбрани три од петте удари на данските фудбалери во пенал рулетот кој одреди Хрватска да се пласира во четвртфиналето на Светското првенство во Русија. 

Субашиќ успеа да ги одбрани ударите на Ериксен, Шоне и Јоргенсен и е најзаслужен за победата од 3:2 по петте пенал серии. По завршување на мечот, Субашиќ го соблече дресот и покажа дека под него ја носи маицата со ликот на Хрвоје Чустиќ. 

Чустиќ е некогашниот соиграч на Субашиќ, кој трагично почина во 2008 година за време на дуелот меѓу Задар и Цибалија. По еден дуел со противнички играч, Чустиќ падна и со главата директно удри во ѕидот кој се наоѓаше покрај аут линијата. Неколку дена подоцна почина во болница. Тој засега е единствената жртва на терените на Првата хрватска лига. 

Токму во чест на Чустиќ, Субашиќ ја носи маицата со ликот на починатиот некогашен соиграч. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал