47. ТРОФЕЈ ЗА „ДЕТЕЛИНКИТЕ“

Селтик доминира без Ренџерс, ја одбрани титулата во Шкотска (ВИДЕО)

Екипата на Селтик ја потврди доминацијата во шкотскиот фудбал и на две кола пред крајот на Премиерлигата ја одбрани титулата.

објавено: 9 мај 2016 - 13:10

Во рамки на 36. коло „детелинките“ со 3-2 славеа над Абердин и дојдоа до 46 трофеј во историјата. За победниците двоен стрелец беше Робертс, а Лустиг додаде уште еден гол, а двата гола за Абердин ги постигнаа Мекгин и Консидин во второто полувреме.

Од наредната сезона Селтик ќе има потешка задача затоа што во елитата се враќа големиот ривал Глазгов Ренџерс кој го преживеа најтешкиот период во историјата и од најнискиот ранг за неколку години се врати во најсилниот шампионат.

Најново во Меѓународен Фудбал