ПОРАДИ СУДИСКАТА ГРЕШКА

Северна Ирска ќе бара компензација од ФИФА

Во баражот за пласман на Мундијалот во Русија, тие беа елиминирани само поради голот на 

објавено: 16 ноември 2017 - 11:50

Северна Ирска планира да побара финансиска компензација од ФИФА поради судиска грешка на баражот против Швајцарија. Ирска испадна поради голот примен од пенал на свој терен на првата средба, која заврши со победа од 1:0 на Швајцарија. На реваншот немаше погодоци, па затоа голот од пенал се покажа како клучен. 

Спорната ситуација се случи во второто полувреме кога Шаќири биеше, а топката го погоди Џони Еванс во грбот. Сепак судијата процени дека имало играње со рака, па досуди пенал, кој го реализираше Родригез. 

„Планираме да разговараме со ФИФА на таа тема. Не ја исклучуваме можноста да поднесеме официјална жалба“, велат од фудбалската федерација на Северна Ирска.

Разочарани се и сите играчи на оваа репрезентација. 

„Да се загуби во бараж дуел по два натпревари со таков гол од непостоечки пенал, ја убива желбата за играње. Многу сме разочарани“, вели дефанзивецот на С. Ирска, Крис Брант.

Најново во Меѓународен Фудбал