ТРИУМФОТ НА ШПАНЦИТЕ НЕ Е СЛУЧАЕН

Севилја упати рекорден број на удари кон голот на Манчестер и затоа победи

Гостите не се уплашија на „Олд Трафорд“ и шутнаа 21 пати кон голот на Давид де Геа, што е најмногу во последните пет години од било кој друг тим што гостувал на „црвените ѓаволи“

објавено: 13 март 2018 - 23:19

За многумина можеби ќе биде изненадување елиминацијата на Манчестер Јунајтед во дуелот со Севилја. Сепак, статистиката само го потврдува тоа што се случуваше на „Олд Трафорд“ вечерва. Гостите упатија дури 21 удари кон голот на Давид де Геа. Тоа е рекорден број на удари на еден гостински тим што гостувал на „црвените ѓаволи“. Повеќе пати од Севилја шутнале играчите на Реал Мадрид, во март 2013 година (22 удари).

Од упатените 21 удари на Севилја, два завршија го мрежата на домаќините и тоа беше доволно шпанскиот тим да оди понатаму, а и да се потврди инфериорноста на Манчестер во овој двомеч против тимот кој не е ниту во Топ 4 во Ла Лига.

Најново во Меѓународен Фудбал