НЕСЕКОЈДНЕВЕН ПОТЕГ НА СТРАТЕГОТ НА УКРАИНЦИТЕ

Шахтер за тренер го има херојот Зоро

Пауло Фонсека вети дека ќе облече костим од маскираниот осветник Зоро, доколку неговиот тим успее да влезе во осминафиналето во Лигата нашампионите

објавено: 7 декември 2017 - 10:30

Шахтер со 2:1 го победи Манчестер Сити и успеа да се пласира во нокаут фазата од Лигата на шампионите. Тренерот на украинскиот тим, Пауло Фонсека вети дека доколку неговиот тим успее да се пласира меѓу најдобирте 16 во Европа, на последната прес конференција ќе дојде облечен како маскираниот осветник Зоро. 

„Ако мојот тим пројде во осминафиналето, на последната прес конференција ќе дојдам облечен како Зоро, кој е мој херој од детските денови", рече тогаш Фонсека. По средбата со „граѓаните“, Фонсека го исполни ветувањето и се појави во костимот на Зоро. 

„Освоивме 12 бодови во група со Наполи, Феенорд и Манчестер Сити. Секако дека сум среќен“, рече Фонсека по победата над Манчестер Сити. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал