СЕ СЕЛИ ВО ПРЕМИЕРЛИГАТА?

Шаќири после СП го чека „трансфер од соништата“

Швајцарскиот репрезентативец е на чекор од преселба во Англија.

објавено: 25 јуни 2018 - 11:10

Џердан Шаќири беше еден од хероите на својата селекција во победата на Светското првенство против Србија (2:1).

И додека со Швајцарците има шанса да се пласира во осминафиналето на Мундијалот, го чека и нов трансфер во кариерата.

Моментно е член на Стоук, но тоа брзо може да се промени, со оглед на тоа што се наоѓа на „мета" на Ливерпул, чиј менаџер Јирген Клоп веќе подолг период го следи напаѓачот.

Тимот од „Енфилд" веќе испратил понуда за Шаќири кој претходно настапуваше уште за Базел, Баерн Минхен и Интер.

Најново во Меѓународен Фудбал