ГОРДОСТА ПРЕД СЕ

Шапекоенсе го одби предлогот да не може да испадне

Бразилскиот тим веќе најде 20 нови играчи, со кои ќе стартува во новото бразилско првенство

објавено: 5 јануари 2017 - 12:20

Бразилскиот тим Шапекоенсе го одби предлогот во следните три години да има имунитет и да не може да испадне од првенството. Шапекоенсе пред месец и пол претрпе страшна несреќа. Во авионска катастрофа загинаа дури 19 играчи на тимот, кој патуваше во Колумбија да игра во финалето на Судамерикана Купот. 

Челниците на бразилскот тим објавија дека веќе донеле 20 нови играчи со кои ќе стартуваат во новото бразилско првенство. 

„Добивме многу играчи на позајмица. Сакаме да донесеме квалитет, но и да бидеме брзи и економични. многу клубови сакаат да ни помогнат“, рече директорот на клубот, Руи Кошта. 

Падот на авионот го преживеаа дефанзивците Нето и Алан Рушел. Тие двајца се очекува да бидат дел од тимот и во новата сезона. за разлика од Нето и Рушел, голманот Џексон Фолман кој ја преживеа несреќата, веќе не може да игра, бидејќи мораше да му биде ампутирана ногата. 

Шапекоенсе во новата сезона стартува на 26 јануари во дуелот против Жоинвил на свој терен. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал