ДОДЕКА МОДРИЌ ЧЕКА ЕВЕНТУАЛЕН ТРАНСФЕР ВО ИНТЕР

Шест Хрвати после Мундијалот имаат нови клубови

Освојувањето на второто место на Светското првенство во Русија ги прослави „коцкестите" на пазарот.

објавено: 6 август 2018 - 11:15

Летниот преоден рок сеуште не е готов, а дури шест хрватски репрезентативци имаат нови клубови со кои ќе ја започнат престојната сезона.

Може да се заклучи дека Италија е идеално место за Хрватите, а од Апенините високо ги ценат услугите на репрезентативците на Хрватска.

Чекаме уште на Калиниќ, Модриќ, Ребиќ и Вида:

-ШИМЕ ВРСАЉКО од Атлетико Мадрид во Интер
-МИЛАН БАДЕЉ од Фиорентина во Лацио

-ИВАН СТРИНИЌ од Сампдорија во Милан
-МАРКО ПЈАЦА од Јувентус во Фиорентина

-ДУЈЕ ЧАЛЕТА-ЦАР Од Салцбург во Марсеј
-ФИЛИП БРАДАРИЌ од Риека во Каљари

Најново во Меѓународен Фудбал