ПОВЕЌЕ ЈА АНАЛИЗИРААТ НАШАТА ЗЕМЈА, ПОМАЛКУ ТИМОТ

Шкотите слабо стојат со географија, базата на Шкупи е близу до косовската граница

Шкупи по 14 години се враќа на европската сцена, за противник во првото квалификациско коло во Лигата на Европа, го доби Глазгов Ренџерс. 

објавено: 25 јуни 2018 - 12:10

Шкупи по 14 години пауза се враќа на европската сцена, за противник во првото квалификациско коло во Лигата на Европа, го доби Глазгов Ренџерс. Повеќе од јасно е дека шкотскиот тим предводен од некогашната фудбалска легенда, Стивен Џерард е фаворит на овој дуел.

За медиумите во Шкотска, Шкупи ни малку не е атрактивен за пишување, за нив најважна е температурата во Скопје, како и безбедноста во Македонија. Во еден од неколкуте текстови на кои наидовме, токму нашиот главен град беше во преден план. Она што може да се заклучи е дека слабо стојат со географија или пак така им одговара.

„Тимот на Шкупи се наоѓа во северниот дел на Македонија, кој се граничи со Косово и каде препораките за туристите е да внимаваат бидејќи овој дел не е безбеден. Доброто е што за оваа земја не е потреба виза", објаснуваат за Скопје.

Во воведот имаше мал дел посветен на тимот од Чаир, во кој се вели дека е клуб кој нема ѕвезди во составот, освен Баже Илијоски на кого треба да се внимава, и кој има сиромашна историја и никогаш ја нема освоена титулата во македонското првенство. 

Првиот меч е закажан на „Иброкс" стадионот на 12. јули во Шкотска, а една недела подоцна е реваншот во Скопје.

 

 

Најново во Меѓународен Фудбал