ИНТЕРЕСНА ПОРАКА ПРЕД ВЕЧЕРАШНИОТ МЕЧ ВО ТОРИНО

Шок за навивачите на Јувентус пред дуелот со Реал

Тренерот на „старата дама“, Масимилијано Алегри вели дека повеќе нема мотив да биде тренер во Италија и затоа ќе си замине од најтрофејниот клуб 

објавено: 3 април 2018 - 19:32

Масилимијано Алегри повеќе нема ниту мотив ниту желба да работи во Италија. Стратегот на Јувентус има скудето со Милан, сега три години по ред е шампион со „старата дама“ со можност и сезонава да биде најдобар во Серија А. Тоа веројатно ќе му биде и последно скоудето во Италија, откако откри дека планира да работи во странство.

„Сигурно заминувам во странство. Во Италија ја завршив работата. Планирам уште пет или шест години да бидам клупски тренер, а потоа да се фокусирам на селекторска работа“, вели Алегри во интервју за англискиот „Дејли Телеграф“.

 Според најавите, многу веројатно е дека Алегри од следната сезона ќе продолжи да работи во англиската Премиерлига и тоа или во Арсенал на местото на Венгер, или во Челзи каде се очекува да си замине Антонио Конте. 

Токму пред неколку недели Алегри во Англија ја покажа неговата моќ. Со Јувентус губеше во дуелот против Тотенхем со 1:0 и мораше да даде два гола ако сака да продолжи понатаму во Лигата на шампионите, кога италијанскиот гигант за неколку минути постигна два погодоци во Лондон и остана во елитната лига, каде вечерва во Торино игра против актуелниот бранител на тронот Реал Мадрид. 

 

 

Најново во Меѓународен Фудбал