Драстична казна за повторен атак на фудбалска ѕвезда

ШОК ЗА РОБИЊО - Ќе лежи 9 години затвор за силување

Фудбалската ѕвезда од Бразил, Робињо е осуден во Милано на 9-годишна казна поради силување. За некогашниот играч на Милан, Реал Мадрид, Манчестер сити... ова е повторување на делото, а беше под истрага и како фудбалер на манчестер сити, но тогаш се спаси

објавено: 23 ноември 2017 - 22:10

Фудбалската ѕвезда од Бразил, Робињо е осуден во Милано на 9-годишна казна поради силување. За некогашниот играч на Милан, Реал Мадрид, Манчестер сити... ова е повторување на делото, а беше под истрага и како фудбалер на Манчестер сити, но тогаш се спаси.

За повторениот случај му немаше спас, а пресудата ја донесе судот во Милано.

Инцидентот се случил на 22 јануари 2013 година. Робињо учестувал во групно силување на 22-годишна девојка во дискотека во Милано и бил дел од петчлена група кои со принуда ја натерале девојката на сексуален чин.
Робињо моментно игра во Бразил за Атлетико Минеиро.

Најново во Меѓународен Фудбал