Португалецот има резервен план

Ако „ѓаволите“ го отпуштат, Мурињо веќе си обезбедил нов клуб?

Флорентино Перез не се откажува од идејата да го врати Португалецот на кормилото на тимот, па тој негов притисок веројатно ќе се зголеми кон крајот на сезоната.

објавено: 4 декември 2018 - 17:00

Во случај Манчестер Јунајтед, сепак, да реши да му врачи отказ, Жозе Мурињо си има резервен план. Како што пишуваат весниците во Шпанија, Мурињо има отворена понуда да се врати во Реал (М) во секое време.

Имено, и натаму се пишува дека Флорентино Перез не се откажува од идејата да го врати Португалецот на кормилото на тимот, па тој негов притисок веројатно ќе се зголеми кон крајот на сезоната. Перез го сакаше Мурињо и во 2015 година, но тој тогаш реши да ја прифати понудата на Челзи. Сега Перез очајно е во потрага по квалитен стратег кој ќе го преземе клубот идната сезона, затоа што очигледно не сака да го остави Солари како решение и за догодина.

Иако Солари има договор со Реал до 2021 година, има клаузула во неговиот во која тој може да биде отпуштен без обештетување на крајот на сезоната, доколку претседателот на клубот е незадоволен од резултатите. 

Најново во Меѓународен Фудбал