НАРЕДНОТО ЛЕТО БАРСА ПРАВИ ВИСТИНСКИ РЕМОНТ

„АС“ ги откри плановите: Дури 14 желби имаат на „Камп Ноу“!

Каталонскиот гигант во својата екипа неколку неверојатни фудбалери, но изгледа дека првите луѓе не се задоволни од играчкиот кадар кој сакаат да го менуваат во следната година.

објавено: 15 октомври 2018 - 21:45

Се очекува Барса веќе во јануари да доведе барем едно ново засилување, но и да продаде неколку фудбалери на кои не смета повеќе. Шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона подготвува вистински ремонт на екипата наредното лето, и дека на нивната листа желби се наоѓаат дури 14 фудбалери.

Челниците на каталонскиот клуб одлучија уште оваа сезона да им даде шанса на играчите на кои тренерот Ернесто Валверде ги има на располагање, но и дека веќе наредното лето ќе направи големи промени.

Скаутите на Барса ширум светот следат многу фудбалери, но како што пишува мадридски „АС" дури 14 фудбалери се наоѓаат на листата на овој тим и сигурно дека ќе се обидат да доведат некој од нив уште во јануари или како што рековме за наредната сезона.

Каталонците наредното лето се очекува да ги продаде Андре Гомеш, Пако Алкасер, Лукас Дињ и Денис Суарез и така ќе направат место за нови засилувања. На листата за можни засилувања на „Камп Ноу" се наоѓаат: Пол Погба, Коен Кастелс, Јерун Зут, Матијс Де Лигт, Милан Шкриниар, Дајот Упамекано, Калиду Кулибали, Ферланд Менди, Николас Таљафико, Филипе Луис, Френки Де Јонг, Адриен Рабио, Кшиштоф Пјатек и Николас Пепе.

Најново во Меѓународен Фудбал