За пет дена можат до дваесетката

Атлетико Мадрид го урна клупскиот рекорд со 19 меча без пораз

Атлетико Мадрид го урна клупскиот рекорд без пораз на 19 натпревари, а по победата против Бетис, вчера, има шанса да стаса до дваесетката

објавено: 11 декември 2017 - 10:50

Атлетико Мадрид го урна клупскиот рекорд без пораз на 19 натпревари, а по победата против Бетис, вчера, има шанса да стаса до дваесетката.

Саул Нигез му пресуди на Бетис и најави убав јубилеј за пет дена, ако популарните „јорганџии“ не загубат од Алавес на домашен терен. 

Фудбалската чета на Диего Симеоне за последен пат ја почуствува горчината на поразот на 25 април, кога Вилјареал славеше во Мадрид со 1:0.

Најново во Меѓународен Фудбал