ШПЕКУЛАЦИЈА ИЛИ ВИСТИНА?

Азар доаѓа во Реал, а во спротивна насока ќе оди Мората

Дел од англиските и шпански медиуми ја најавуваат оваа спектакуларна трапма

објавено: 13 јули 2017 - 10:55

Реал Мадрид конечно може да го оствари тоа што со години го сака, да го доведе Еден Азар на „Сантијаго Бернабеу“. Според најавите Азар се договорил со „кралскиот клуб“ и летово ќе го облече дресот на најтрофејниот шпански клуб. 

Според најавите, во овој трансфер би бил искористен и шпанскиот репрезентативец Алваро Мората. Тој е незадоволен од статусот во Реал и сака да си замине. Челзи, но и уште неколку европски гиганти сакаат да го видат Мората во своите редови. 

Ако Азар пристигне во Мадрид, тој би била слична плата на тоа што сега го заработуваат Кристијано Роналдо и Герет Бејл. Во Реал засега молчат околу евентуалната вистина за овој трансфер.

Најново во Меѓународен Фудбал