Реал веќе не наликува на европски шампион

Барди и Леванте му пресудија на Лопетеги

Барди и компанија им одржаа лекција за пожртвуваност на фудбалерите на Реал и успеаја да ги совладаат на гостински терен.

објавено: 20 октомври 2018 - 15:00

Тешки денови за европскиот шампион Реал (М). Нов пораз и нови антирекорди зад името на „кралскиот клуб“ кој под водство на Хулен Лопетеги е непрепознатлив. Барди и компанија им одржаа лекција за пожртвуваност на фудбалерите на Реал и успеаја да ги совладаат на гостински терен. Нашиот репрезентативец го одигра кмплетниот меч и беше еден од најдобрите во победничкиот тим.

Леванте го почна фуриозно мечот и за само петнаесетина минути веќе го стаписа „Бернабеу“. Гости отворија со еден одличен погодок на Моралес во 6. минута на натпреварот, кој само најави дека Реал и денеска ќе има страшни проблеми. Седум минути подоцна веќе беше 2:0, откако беше досуден пенал во шеснаесетникот на Куртоа, а Роџер беше прецизен од белата точка и ги донесе гостите до фантастична предност, која успеаја да ја задржат до крајот на првиот дел.

Во второто полувреме Лопетеги ги извади сите карти на теренот. Ги влезе и Бејл и Бензема, за конечно во 72. минута Марсело по асистенција на Бензема да дојде до гол за 1:2. До крајот Реал успеа да постигне и гол за израмнување, но истиот веднаш беше поништен поради офсајд.

 

Најново во Меѓународен Фудбал