Одличен резултат за клубот од Валенсија

Барди се одмори, Леванте ја изненади Севилја со реми без голови

Леванте ја изненади Севилја со реми без голови, а кам-бекот на тренерот Едуардо Берицо го расипаа гостите од Валенсија

објавено: 15 декември 2017 - 22:55

Леванте ја изненади Севилја со реми без голови, а кам-бекот на тренерот Едуардо Берицо го расипаа гостите од Валенсија.

Леванте играше без нашиот репрезентативец Енис Барди, кој беше поштеден од тренерот Муњиз и сепак успеа да освои голем бод во битката за опстанок.

Мечот предизвика многу емоции кај домаќините, бидејќи на клупата се врати аргентинскиот тренер Берицо. Тој има рак на простатата, беше и опериран, а сега повторно направи кам-бек на клупата на Севилја.

Клубот од Андалузија со ремито заостана во битката за челните позиции во Ла Лига и остана на петтото место со 29 бодови. Леванте сега има 17 бодови по 16 одиграни натпревари и е на 15. позиција во конкуренција на 20 екипи.

Најново во Меѓународен Фудбал