ДОАЃА СЛЕДНОТО ЛЕТО, БЕЗ ЕВРА ОБЕСШТЕТУВАЊЕ

Барса го возвраќа ударот: Рабио рече „ДА“! (ФОТО)

Уште од пред неколку месеци Барселона има јасна трансферна цел во Адриен Рабин, пренесува „Мундо Депортиво".

објавено: 20 ноември 2018 - 13:48

23-годишниот фудбалер одби да го продолжи договорот со ПСЖ. Неговиот договор истекува на крајот од сезоната, а од 1 јули 2019 година ќе стане слободен агент. Францускиот репрезентативец ќе може да преговара со други тимови и да склучи прелиминарен договор од 1 јануари 2019 година.

Според информациите, Рабио е импресиониран од спортскиот проект кој му го нуди Барселона, а исто така и од финансиската понуда која неизбежно ќе вклучува и бонус при потпишувањето на договорот.

Рабио и неговата мајка, која му е и агент се во постојан контакт со спортскиот директор на Барселона, Ерик Абидал, како и со генералниот менаџер на клубот, Пеп Сегура. Во последните разговори меѓу двете страни, францускиот фудбалер изразил желба да премине на „Камп Ноу" од следното лето.

Најново во Меѓународен Фудбал