Валверде прави стратегија за засилување на одбраната

Барса ќе се обиде да го позајми Ивановиќ од Зенит

Ако не успеат да го купат Алдервајрелд од Тотенхем, каталонците во јануари ќе се обидат да го доведат на 6-месечна позајмица искусниот српски дефанзивец.

објавено: 16 октомври 2018 - 15:30

Во обид да најде логично решение за континуираните проблеми во дефанзивната линија, тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, има неколку опции. Првата е во јануари да успее да го купи белгискиот дефанзивец од екипата на Тотенхем Тоби Алдервајрелд. 

Како втора опција за барса е можноста да се доведе на позајмица искусниот српски дефанзивец од екипата на Зенит, Бранислав Ивановиќ. 34-годишниот фудбалер кој долги години го носеше дресот на англиски Челзи би можел да замине на 6 месеци во екипата на Барселона, доколку двата клуба постигнат согласност околу сумата која Зенит би ја добил за позајмицата.

Која и од двете варијанти да се оствари, Барселона и Валверде ќе мора да почекаат до јануари, кога е следниот преоден рок. Во каталонскиот тим веќе се запали алармот по повредите на  Самуел Умтити и Томас Вермален.

Најново во Меѓународен Фудбал