ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КАТАЛОНЦИТЕ СЕ ИЗЈАСНИ

Барса откри каде ќе игра ако Каталонија се оддели од Шпанија

Првиот човек на клубот, Жосеп Марија Бартомеу реши која може да биде иднината на еден од најдобрите клубови во светот

објавено: 23 октомври 2017 - 12:42

Претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу реши да стави крај на сите шпекулации, околу тоа каде би играл каталонскиот гигант, доколку Каталонија се оддели од Шпанија. 

„Никогаш нема да ги загрозиме интересите на клубот. Ние сме во ситуација да продолжиме да играме во Примера дивисион. Тоа е добро икорисно како за Ла Лига, така и за нас“, рече Бартомеу.

Барселона моментно е лидер во Примера и по девет кола има 25 бодови, четири повеќе од второпласираната Валенсија, а пет повеќе од вечниот ривал Реал Мадрид. 

По најавите дека Каталонија ќе се оддели од Шпанија, се најавуваше дека Барселона ќе може да продолжи да игра во француското или англиското првенство, но сепак тоа речиси сигурно нема да се случи. 

Најново во Меѓународен Фудбал