По Меси уште еден повреден на „Камп Ноу“

Барса сега остана и без Кутињо

Најмалку две недели, Бразилецот ќе мора да паузира поради повреда заработена на мечот со Интер во вторникот.

објавено: 8 ноември 2018 - 14:45

Офанзивен играч од средниот ред на Барселона и вистински мотиватор во играта на каталонците во остсуство на Лео Меси, Филипе Кутињо ќе биде надвор од терените во период меѓу две и три недели, бидејќи е повреден.

Шпанскиот шампион објави дека Кутуњо има мал проблем со мускул на ногата, поради кој лекарите советувале одмор. 26-годишниот Бразилец се повреди на мечот во Милано со Интер во вторникот во Лигата на шампионите.

Оваа вест значи дека играчот за врска ќе го пропушти натпреварот на Барселона со Бетис во недела, но веројатно и оној со екипата на Атлетико (М) кој следува по репрезентативната пауза.

Најново во Меѓународен Фудбал