КАТАЛОНСКИОТ ГИГАНТ БЕЗ ПРОБЛЕМИ СЛАВЕШЕ СО 6:1

Барса со голови за мерак до нови три бода (Видео)

Триото Меси-Нејмар-Суарез се запишаа во листата на стрелци во убедливата победа против Спортинг Хихон

објавено: 1 март 2017 - 21:22

Барселона немаше проблеми и славеше убедлив триумф против Спортинг Хихон со 6:1 во 25. коло на шпанската Примера дивисион. Каталонскиот гигант уште во првите 10 минути имаше предност од 2:0 и беше јасно дека трите бода ќе останат на „Камп Ноу“. 

Лионел Меси го даде 21 погодок во првенството и тоа со глава, а потоа Родригез си даде автогол. Гостите мала надеж добија кога Кастро погоди во 21 минута, но до полувремњто прецизен беше и Луис Суарез.

Во вториот дел Пако Алкасар, Нејмар од слободен удар и Ракитиќ, донесоа уште радост за домашните фанови. Со оваа победа, Барселона стигна до 57 бодови и е на лидерското место, пред Реал со 55. „Кралскиот клуб“ вечерва од 21:30 игра против Лас Палмас. 

Најново во Меѓународен Фудбал