СРЕЌНА ПОБЕДА НА КАТАЛОНСКИОТ ГИГАНТ

Барса со пенал во 90 минута се спаси против Леганес (Видео)

Лионел Меси со два гола го спаси тимот од нова катастрофа

објавено: 19 февруари 2017 - 22:41

Барселона дефинитивно е во играчка криза. Каталонскиот гигант победи со 2:1 во дуелот против Леганес, но тоа беше среќен триумф. Шампионот играше на својот „Камп Ноу“ и тоа во најсилниот состав, но дури со гол од пенал во 90 минута стигна до трите бода. 

Лионел Меси беше стрелец на двата погодоци. Аргентинецот стигна до 19 погодоци сезонава и е прв стрелец во Примера. Лео погоди во 4 минута за 1:0, но шок за домаќините беше голот на Лопез во 71 минута. Радост за Барселона донесе Меси со погодокот од пенал во 90 минута, откако во шеснаесетникот беше фаулиран Нејмар. 

Иизбраниците на тренерот Луис Енрике, иако во неубедлива игра, на крајот ги освоија посакуваните три бода. Барселона сега има51 бод од 23 меча, додека Реал останува лидер со 52 бодови, но и два меча за доигрување. 

Најново во Меѓународен Фудбал