ДЕРБИТО ВО ШПАНИЈА ЗАВРШИ БЕЗ ПОБЕДНИК

Барса жали што не победи во Мадрид против Атлетико (Видео)

Атлетико имаше предност по првиот дел, но на крајот домаќините се спасуваа од пораз

објавено: 14 октомври 2017 - 22:42

Барселона ја прекина перфектната низа во шпанското првенство, откако одигра 1:1 на гостувањето кај Атлетико Мадрид, во дербито на осмото коло од Примера дивисион. Каталонскиот гигант имаше седум победи во исто толку меча, но не успеа да го достигне клупскиот рекорд.

На тешкото гостување кај „јорганџиите“, домаќините имаа предност од 1:0 со голот на Нињес во 21 минута.

Атлетико имаше повеќе шанси во првиот дел, но работите драстично се сменија во вторите 45 минути. Барселона нападна, а цврстата одбрана на домаќините ја скршија дури во 82 минута кога погоди Луис Суарез.

Пред овој гол на Уругваецот, Меси погоди пречка. Во последните неколку минути Барселона имаше две стоостотни шанси, но во едната ситуација Суарез задоцни за малку и му избега топката, додека во втората акција, Лео Меси од слободен удар биеше, но голманот на Атлетико, Јан Облак одбрани, за конечни 1:1. 

Најново во Меѓународен Фудбал