АКО МУ СЕ ВЕРУВА НА ТОЈ ШТО ГО ОТКРИ ТРАНСФЕРОТ НА НЕЈМАР

Барселона го договори Кутињо

Преставувањето на Бразилецот на „Камп Ноу“ треба да се случи пред стартот на Жоан Гампер купот на 7 август

објавено: 4 август 2017 - 12:58

Барселона доби 222 милиони евра за продажбата на Нејмар во Пари Сен Жермен. Каталонците останаа без еден од најдобрите играчи, но добија цело богатство, кое треба паметно да го искористат за доведување нови играчи. 

Според најавите на новинарот Марсело Белчер, на пат кон „Камп Ноу“ е ѕвездата на Ливерпул, Филип Кутињо. Белчер е новинарот кој прв објави дека ПСЖ ќе го купи Нејмар и дека тоа ќе биде за историски рекорден трансфер. 

Во последните пет сезони Кутињо е во Ливерпул. Досега одигра 182 мечеви во кои даде 42 погодоци. Тој е креаторот и лидерот на екипата. Барселона веќе подолго време се интересира за Бразилецот. Се шпекулира дека трансферот на Кутињо во каталонскиот гигант ќе биде 120 милиони евра.  

Најново во Меѓународен Фудбал