Во трет обид настрада тимот од Виго

Барселона со петарда ги наплати долговите со Селта

Барселона во трет обид успеа да се справи со Селта, а по двете нерешени средби во кус рок, вечерва Каталонците славеа со 5:0 и со вкупен резултат од 6:1 се пласираа во четвртфиналето во Копа Дел Реј

објавено: 11 јануари 2018 - 23:26

Барселона во трет обид успеа да се справи со Селта, а по двете нерешени средби во кус рок, вечерва Каталонците славеа со 5:0 и со вкупен резултат од 6:1 се пласираа во четвртфиналето во Копа Дел Реј.

Лионел Меси и Жорди Алба диктираа темпо во првото полувреме и си поигруваа со гостите од Виго. Меси постигна два гола и имаше една асистенција, а Алба со две прецизни додавања и гол го декласираа ривалот.

Луис Суарез во 31. минута докрај ги нокаутира гостите, а Барса веќе водеше со 4:0 по нешто повеќе од половина час. Во финишот на мечот Ракитиќ со гол стави печат на победата од 5:0.

Најново во Меѓународен Фудбал