НАШИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ИГРАШЕ ДО 57. МИНУТА

Бетис ја „урна“ серијата на Леванте

Реал Бетис го совлада Леванте со 4:0, нанесувајќи му го на тимот на македонскиот репрезентативец Енис Барди првиот пораз во шпанскиот шампионат оваа сезона

објавено: 25 септември 2017 - 22:52

„Бајката“ на тимот од Валенсија траеше пет кола, во кои стигнаа до 2 победи и 3 ремија, но тимот од Севиља беше едноставно пресилен на домашен терен и лесно стигна до трите поени. Бетис ја заврши работата на почетокот на второто полувреме, кога од 47-мата до 65-тата минута го скрши отпорот на Леванте, пи што Санабрија во финишот на натпреварот ја комплетираше „катастрофата“ на гостите.

Енис Барди беше на теренот до 57. минута од натпреварот, кога беше заменет од шпанскиот фудбалер, Нано.  Со поразот Леванте останува на осмото место на табелата со 9 поени, додека Бетис е петти со 12 поени, шест помалку од лидерот Барселона.

БЕТИС - ЛЕВАНТЕ 3:0

Санабрија 47’, 90+3', Руиз 55’, Леон 65’

Најново во Меѓународен Фудбал