Резервата на европскиот првак го украде шоуто

Бисер на Начо, гол што ретко се гледа (Видео)

Хозе Игнасио Фернадез Иглесијас, или попознат само како Начо е фудбалерот што го украде шоуто на многу попознатите соиграчи од Реал Мадрид, а голот што го постигна против Културал Леонеса е уметничко дело

објавено: 27 октомври 2016 - 09:42

Хозе Игнасио Фернадез Иглесијас, или попознат само како Начо е фудбалерот што го украде шоуто на многу попознатите соиграчи од Реал Мадрид, а голот што го постигна против Културал Леонеса е уметничко дело. Шести по ред во победата од 7:1 на кралскиот клуб, а погодокот е таман како прекарот на европскиот првак „кралски“.

Начо во лет со волеј го погоди аголот на домашниот гол, со што изнуди и признание од Зинедин Зидан. 

„Ова е подобро од мојот гол против Баер Леверкузен во финалето на Лигата на шампионите. Среќен сум за Начо, а овој погодок има место во историјата на фудбалот“, изјави Зидан.


Nacho Goal HD - Leonesa 0-6 Real Madrid 26.10.2016 by dailyfootballkick

Најново во Меѓународен Фудбал