Заврши „драмата“ со Кутињо

Бразилецот ќе биде нов играч на Барселона !

Сопствениците на Ливерпул го информирале играчот дека ќе биде продаден на последниот ден од преодниот рок

објавено: 29 август 2017 - 21:30

Филипе Кутињо сепак ќе го облече дресот на Барселона. Ова станува се поверојатно, откако се проширија гласините дека сопствениците на Ливерпул му ветиле на Бразилецот дека ќе биде продаден и тоа на последниот ден од преодниот рок. 

Бразилецот веќе две недели пишува писмени молби до челниците од „Енфилд Роуд“, да биде продаден во Барселона. засега Ливерпул ги одби неколкуте понуди, од кои навредната беше 150 милиони евра. Се верува дека каталонците и англискиот клуб ќе се договорат за сума од 160 милиони евра и конечно се ќе се финализира. 

Кутињо сезонава нема играно ниту еден меч, иако Ливерпул веќе одигра три меча во Премиерлигата, а играше и два квалификациски дуели од Лигата на шампионите. На крај, сагата на Кутиео за преселба во Барселона ќе добие среќен крај за фановите на тимот од „Камп Ноу“.

 

Најново во Меѓународен Фудбал