НЕОЧЕКУВАНИ ПРОБЛЕМИ

БУНТ ВО РЕАЛ: Роналдо и Рамос не сакаат Бејл да игра во финалето на ЛШ

Најдобриот играч на „кралевите“ заедно со капитенот ја предводат групата која смета дека за Велшанецот не треба да има место во стартниот тим 

објавено: 20 мај 2017 - 15:00

Герет Бејл се очекува да биде подготвен за финалето во Лигата на шампионите, но оваа вест не беше примена со голема радост кај поголем дел од играчите. Според најавите, дури шестмина играчи сметаат дека Бејл не треба да биде во стартниот тим против Јувентус, на финалето во Кардиф.

Бунтот го предводат капитенот Серхио Рамос и најдобриот играч Кристијано Роналдо. Покрај овие две големи ѕвезди застанаа и Марсело, Коентрао, Пепе и Касемиро. 

Бејл сезонава често беше повреден и не играше, а на негово место шанса добиваше Иско. Според шестмината играчи, финалето против Јувентус од првата минута треба да го игра токму Иско, а не Бејл. На страната на Бејл застанаа Лука Модриќ со кој беа соиграчи и во тимот на Тотенхем, потоа Тони Крос, како и претседателот на Реал, Флорентино Перез. 

Тренерот Зинедин Зидан ќе има тешка задача да реши дали Бејл ќе добие шанса од првата минута во финалето на ЛШ или сепак Иско ќе биде на теренот. 

Најново во Меѓународен Фудбал