ВРЕМЕ Е И ШАМПИОНОТ ДА КУПИ НЕКОЈ ИГРАЧ

Челзи дава 80 милиони евра за Мората

Шпанскиот репрезентативец би бил замена за Диего Коста 

објавено: 10 јули 2017 - 20:45

Англискиот првак Челзи е подготвен да понуди 80 милиони евра за напаѓачот на Реал Мадрид, Алваро Мората. Шпанецот е главна цел на тренерот Антонио Конте, кој мора да најде квалитетен играч во офанзивниот ред. 

Челзи се надеваше дека може да го добие Ромелу Лукаку, но таа варијанта пропадна, откако белгискиот репрезентативец реши да го облече дресот на Манчестер Јунајтед. Лондонскиот тим најверојатно ќе остане без својот прв играч во нападот, Диего Коста, кој побара да си замине од „Стемфорд Бриџ“. 

Мората би требало да потпише договор на четири или пет години, а би добивал шест милиони евра по сезона. шпанскито репрезентативец нема да патува со Реал на турнејата во САД, за да реши во кој клуб ќе игра следната сезона.  

Најново во Меѓународен Фудбал