ВИСТИНСКА РЕТКОСТ ВО ЕВРОПСКИОТ ФУДБАЛ

ЧОВЕКОТ КОЈ НИКОГАШ НЕ БЕШЕ КУПЕН: Фламини прави нов, „ветерански трансфер"

Клубот на ветерани од втората шпанска лига „загреан" за некогашниот играч на Арсенал и Милан...

објавено: 20 ноември 2017 - 21:55

Матје Фламини е на прагот да потпише нов договор. Ветеранот од Марсеј, кој од летото е без играчки ангажамн, како што најавуваат шпанските медиуми, секако под услов да ја помине птобата, во наредните денови ќе потпише договор со екипата на Рајо Ваљекано.

Иако има 33 години, и веќе подолго време е надвор од форма, а лани за Кристал Палас одигра само 268.минути, Фламини нема намера да се збогува со активното играње на фудбал, и многу извесно тоа ќе го продолжи во Сегунда.
Инаку, Рајо Ваљекано е клуб на ветерани. Популарните „пчелки" добро туркаат во оваа сезона. Се борат за местокое носи враќање во Примера. А на тој пат ги носат фудбалери како Трахорас (26 годни), Гера (35), Манучо (34), Разван Раца (34), Дорадо (35), Амаја (34)...
А ако потпише договор со тимот од „Ваљехас", и таму ја заврши својата кариера, Фламини ќе постане едне од ретките играчи во 21 век кој никогаш не го купил ниту еден клуб од Европа?!
Токму така, затоа што за време на својата кариера која трае од 2003 година. Кога стана првотимец на Олимпик Марсеј, за него ниту еден друг клуб нема платено никаква отштета. Ниту едно евро, што е навистина зачудувачки ако се земе в предвид дека потоа играше за големи клубови како Арсенал, Милан, па повторно Арсенал, во Англија и Кристал Палас.
Логично, после такви „трансфери", Фламини секогаш успеваше да дојде до јака плата. Макар што сега е малку за верување дека висината на личниот доход ќе му биде иста како и во времето кога играше за европските гиганти.

Најново во Меѓународен Фудбал