Лилјаците не се снаоѓаат со аутсајдерите

Црвенее Валенсија, Лас Палмас со сензационална победа ја прекина црната серија

Со пресврт и сосема неочекувано Лас Палмас ја изненади фаворизираната Валенсија и славеше со 2:1, победа што им ја прекина црната серија од 7 меча без триумф

објавено: 20 јануари 2018 - 22:36

Со пресврт и сосема неочекувано Лас Палмас ја изненади фаворизираната Валенсија и славеше со 2:1, победа што им ја прекина црната серија од 7 меча без триумф.

Гостите поведоа со голот на Санти Мина во петтата минута, а потоа како да ги снема од теренот. Аутсајдерот и домаќин Лас Палмас израмни во првиот дел, а потоа успеа и да победи.

Гостите добија два црвени картони, па во продолжението со само 9 играчи на теренот немаа сили да освојат барем еден бод.

Најново во Меѓународен Фудбал