ПОВТОРНО ЗАЕДНО...

Дали Марсело веќе го најави трансферот во Јувентус?

Еден ден по официјалната потврда за трансферот на Кристијано Роналдо во Јувентус, италијанските медиуми најавија дека челниците на „Старата дама“ не завршиле со „пазарењето“ од Реал Мадрид.

објавено: 12 јули 2018 - 19:09

Според италијанскиот „Sport Mediaseta“, Кристијано Роналдо веќе побарал услуга од престедателот на Јувентус, Андреа Ањели, а тоа е левиот бек на Реал Мадрид да дојде во Торино.

Марсело и Роналдо одлично соработуваат во „кралскиот тим“, па нема да биде чудо доколку еден од најдобрите фудбалери во светот навистина побарал да се реализира овој трансфер, за кого Јувентус ќе мора да издвои голема сума на пари, бидејќи договорот на Бразилец истекува во 2022 година. Неговата откупна клаузула изнесува 180 милиони евра.

Дека има нешто потврди и Марсело, на својот „Инстаграм“ профил сподели фотографија со Роналдо и пиша: Наскоро повторно ќе бидеме заедно.

 

Најново во Меѓународен Фудбал