АРГЕНТИНСКАТА ЅВЕЗДА НА БАРСЕЛОНА ИМА НОВА ЦЕЛ

Дали Меси ќе го надмине рекордот на легендарниот Пеле? (ФОТО)

Лионел Меси е прогласуван пет пати за најдобар фудбалер на светот, му недостасуваат успеси и медали со репрезентацијата на Аргентина. Освои се можеше на клупско ниво со Барселона од кога заигра за првиот тим на „Блауграна" од 2004. година.

објавено: 13 ноември 2018 - 16:30

Оттогаш аргентинскиот итнернационалец настапи на 650 натпревари за тој тим и постигна 566 голови што го става меѓу најголемите великани на фудбалската игра.

Со двата гола во поразот од Бетис во шпанската Примера го надмина легендарниот Герд Милер (Баерн Минхен) и сега е на втората позиција на вечната листа стрелци во еден клуб.

Зад Меси се наоѓаат Еузебио, настапувајќи за екипата на Бенфика и Кристијано Роналдо за Реал Мадрид.

Следна цел на ѕвездата на Барселона ќе биде надминувањето на рекордот на Бразилецот Пеле кој имаше 643 гола.

Најново во Меѓународен Фудбал