НАПАЃАЧОТ СИ ОДИ ОД ЧЕЛЗИ

Диего Коста веќе си се слика со дресот на новиот клуб

Шпанскиот репрезентативец многу веројатно е дека ќе се врати на Пиринејскиот полуостров

објавено: 17 јули 2017 - 09:50

Напаѓачот на Челзи, Диего Коста самиот си покажува во кој клуб сака да ја продолжи кариерата. Голгетерот кој има 27 години не отпатува со тимот на Челзи на турнејата во Азија. Шпанскиот репрезентативец на својот Инстаграм профил веќе објави видео и фотографија, каде го носи дресот на Атлетико Мадрид. 

Коста играше за Атлетико во периодот од 2010 до 2014 година, а многу веројатно е дека повторно ќе се врати на „Висенте Калдерон“. Бразилецот со шпански пасош има договор со Челзи до 2019 година. Минатата сезона тој даде 20 погодоци во 35 натпревари во Премиерлигата.

Атлетико Мадрид поради казната која ја има од УЕФА, не смее да потпишува договори со играчи пред јануари 2018 година, но тоа не му пречи на Коста, кој шест месеци би играл како позајмен играч во некој клуб, па во зимскиот преоден рок ќе се врати во дресот на Атлетико Мадрид.  

Најново во Меѓународен Фудбал