БАРСЕЛОНА ЗА ИСТОРИЈА

E тоа е луксуз! Да имаш 294 милиони евра на клупата

На клупата на Барса против Алавес седеа играчи чија вредност изнесува 294 милиони евра!!!

објавено: 21 август 2018 - 08:00

Барселона во неделата го скрши Алавес во 1. коло од новата сезона на Примера и запиша победа со 3:0. Но на тој меч имаше рекордно богата клупа. На неа седеа играчи кои вкупно вредат нешто помалку од 300 милиони евра.

Тоа беа Јаспер Силесен кој беше купен за 13 милиони евра, Артуро Видал кој вреди околу 19 милиони, Клемен Ленгле чини 35 милиони, Артур го платија 31, а Малком 41 милион евра. А целата слика ја комплетира Кутињо кој за 155 милиони евра беше донесен од Ливерпул. На клупата седеше и Рафиња кој беше донесен без пари.

Никогаш во историјата Барса немала толку скапа клупа на еден натпревар.

 

Најново во Меѓународен Фудбал