ГОСТИТЕ ГО УДВОИЈА ВОДСТВОТО НА „САНТЈАГО БЕРНАБЕУ"

Ел класико: Пенал... и Меси за 2-0, „црвен“ за Карвахал...


Фудбалерите на Реал Мадрид и на Барселона го играат мечот од 17 коло на Ла Лига и 175 „Ел Класико" во историјата... Луис Суарез донесе водство за Барса (1-0), а со удар од 11. метри, Лионел Меси ја удвои предноста на гостите на (2-0) кои се пред огромна победа среде Мадрид

објавено: 23 декември 2017 - 14:26

По „тенките" 0:0 во првото полувреме, работите на Ел Класико во Мадрид се поместија од мртвата точка. И тоа на страната на гостите.

Прво во 53.минута, Барселона поведе со (1-0) откако Луис Суарез круниса една неверојатно добра акција на каталонците.
А неколку минути подоцна, уште една силовита „контра" на каталонците. Топката упатена кон празниот гол со рака ја сопре Дани Карвахл.
Судијата покажа на белата точка, а Лионел меси беше немилосрден – 2:0 за Барселона сред Мадрид.

Најново во Меѓународен Фудбал