ЕДЕН ПРОЦЕНТ МНОГУ ЗНАЧИ ЗА МАЛИТЕ КЛУБОВИ

Емерик е спасителот на Спортинг (ВИДЕО)

Станува збор за еден осмолигаш од Франција, во чиј младински погон „се појави" токму Емерик Лапорт. И дека токму поради тоа заработи еден процент од оваа трансакција на „граѓаните".

објавено: 4 февруари 2018 - 19:55

Во трансферот вреден 65.милиони евра, најголемиот во клупската историја во оние зимски улови на тргување, на исистирање на Пеп Гвардиола, Манчестер Сити се одлучи тоа да биде Емерик Лапорт.

Но освен Атлетико Билбао, профит во овој договор со францускиот дефанзивец има и за Спортинг Унион Аген.
Станува збор за еден осмолигаш од Франција, во чиј младински погон „се појави" токму Емерик Лапорт. И дека токму поради тоа заработи еден процент од оваа трансакција на „граѓаните".
А ако се знае дека подолго време ги мачат финансиски проблеми, луѓето од ова „клупче" ќе бидат пријатно изненадени со сознанието дека добиле дури 650.000 евра на сметката.
Доволно за подмирување на голем број на обврски и избегнување на банкрот.

„Судбината затропа на нашата врата. Никој не очекуваше ништо. Но евидетно е дека на најдобар можен начин сме наградени зa својот труд. Бевме пред гаснење и пред банкрот, а сега можеме да работиме со полна пареа"- изјави потпреседателот на Спортинг Жан-Клод брунел, со напомена дека нивниот клупски буџет во изминатата сезона изнесувал повеќе од скромни 130.000 евра.

Емерик Лапорт дојде во овој клуб уште во 2000 година, со наполнети шест години. Си замина во 2009 годиа, со наполнети 16. години, кога го собраа луѓето од Атлетик Билбао.
За Баските одигра 222 натпревари, и се одлучи да ја прифати понудата на Сити, за да го усреќи и својот матичен клуб.

Најново во Меѓународен Фудбал