ОФИЦИЈАЛНО ДЕБИ НА УШТЕ ЕДЕН ЧЛЕН НА „КРАЛСКОТО“ СЕМЕЈСТВО

Енцо Зидан го наследува Зинедин Зидан!

Синот доби шанса од таткото, да дебитира во првиот тим на Реал Мадрид и веднаш даде гол!

објавено: 30 ноември 2016 - 21:31

Победата на Реал Мадрид против третолигашот Културал Леонесе нема да се памети по некој резултатски подвиг на „кралевите“, макар што на крајот победија со резултат (6:1). Но затоа пак ќе остане запишана во историјата на славниот клуб од Мадрид, но и на семејството Зидан.

Поточно по Енцо Зидан...

Синот на Зинедин Зидан доби шанса од својот татко да дебитира за првиот тим на „кралскиот клуб“ во мечот од „Купот на кралот“ против третолигашот.

И, се оддолжи на најдобар можен начин, со гол!

Зидан-сениор го воведе синот на полувремето на овој натпревар во кој Реал веќе водеше со (3:1).

Но 21. годишниот играч за врска на „белите“, неполни дваесет минути подоцна стигна до својот прв погодок во деби настапот за славниот клуб од Мадрид. 

Како изгледаше акцијата во која Енцо Зидан „му врати“ на Зинедин Зидан...

 

Најново во Меѓународен Фудбал