ПО ЕДЕН НЕСЕКОЈДНЕВЕН ВОН-ФУДБАЛСКИ МОМЕНТ ВО МАДРИД

Ернандес мора да „одработи" 31 „корисен ден"

Стоперот на Атлетико Мадрид и неговата сега веќе поранешна девојка ќе мора еден месец да посветат на друштвено корисна работа

објавено: 27 февруари 2017 - 21:00

Лукас Ернандес, фудбалер на мадридски Атлетико е осуден на 31 дена на друштвено корисна работа во наредните шест месеци откако на почетокот на овој месец ја удрил својата девојка, пренесува „Франс прес"

Освен тоа, судот во Мадрид ја осудил и неговата сега веќе поранешна девојка, исто така на 31. ден на друштвено-корисна работа поради „семејно насилство".
Судот утврдил дека Ернандес и неговата поранешна девојка во меѓусебната расправија на 3 февруари размениле и по некој удар, и се здобиле со гребаници по телото, па поради тоа добија ваква „условна казна".
Инаку Лукас Ернандес е младински репрезентативец на Фрација. Има 21. година и игра на позицијата на стопер кај „јорганџиите".

Најново во Меѓународен Фудбал