Реми на мечот Ла Коруња - Атлетико Мадрид

Еврогол на Гризман и тешка повреда на Торес (Видео)

Депортиво Ла Коруња и Атлетико Мадрид ремизираа, 1:1 во меч од 25. коло во шпанската Примера Дивизија, а се мина во сенка на тешкиот пад и повреда на Фернандо Торес

објавено: 2 март 2017 - 22:41

Депортиво Ла Коруња и Атлетико Мадрид ремизираа, 1:1 во меч од 25. коло во шпанската Примера Дивизија, а се мина во сенка на тешкиот пад и повреда на Фернандо Торес.

Напаѓачот на гостите од Мадрид во 85. минута незгодно падна директно на глава во еден дуел пред својот шеснаесетник, а по неколкуминутна интервенција на медицинскиот тим на носилки беше изнесен од теренот.

Домаќините поведоа со голот на Андоне во 13. минута, а израмни Антоан Гризман со еврогол во 68. минута.

Атлетико сега има 46 бода на четвртата позиција, а Депортиво е 17. со 20 бода.


jhjhjhjhjh by lifefootball


Fernando Torres HEAD INJURY! Deportivo vs... by YNWAHD

Најново во Меѓународен Фудбал