СИЛНА ШПАНИЈА

„Фуријата“ ја оддува Аргентина, хет-трик на Иско

Шпанија ја прегази селекцијата на гаучосите со неверојатни (6:1) на пријателскиот натпревар кој е дел од подготовките за СП во Русија.

објавено: 27 март 2018 - 23:47

Шпанија фуриозна, Аргентина очајна. Затоа и не чуди резултатот (6:1) во корист на „црвената фурија" на „контролата" по која Аргентинците ќе имаат и тоа доста работи за поправање.

Пред се во одбраната.
Тимот од Иберискиот Полуостров поведе во 12.минута на стадионот Ванда Метрополитано, по заслуга на „домашниот играч" од Атлетико Мадрид, Диего Коста.
Во 27.минута предноста на „фуријата" беше удвоена, асистент повторно беше сјајниот Асенсио, а погоди Иско.
До одморот, Аргентиците се вратија, макар делумно, со голот кој го реализираше Николас Отаменди, по одличниот скок и корнерот кој го изведе Енвер Банега.
Во продолжението на мечот во Мадрид, вистински аргентински потоп.
Шпанија направи вистински терор во одбраната на гостите, пред се со брзи контранапади. По ред погодуваа Иско, Тиаго Алкантара, Јаго Аспа, и повторно Иско, за тотален дебакл на Аргентина, за кои мала утеха е што во Мадрид не се појави нивниот најдобар играч – Лионел Меси.

Најново во Меѓународен Фудбал