ПОВТОРНО ШПАНСКИТЕ МЕДИУМИ СО ПОФАЛБИ ЗА НАШИОТ ИГРАЧ

Барди или Меси, кој е подобар специјалист за слободни удари? (ФОТО)

Шпанските медиуми веќе го прогласуваат неговиот гол за најдобар на колото, но и го вбројуваат во кругот кандидати за најубава погодок на годината.

објавено: 8 октомври 2018 - 12:00

Енис Барди беше најзаслужниот за новиот триумф сезонава на Леванте во Примера и победата од 0:1 против екипата на Хетафе.

Фантастичен гол од слободен удар од скоро 30. метри на македонскиот репрезентативец, негов првенец оваа сезона во најквалитетната шпанска лига. Тоа му беше негов вкупно 10 гол севкупно во дресот на Леванте.

„Сум ги гледал Меси и Роналдо кои шутираат многу добро, но никогаш не сум копирал од нив. Јас исто така шутирам добро и имам свој стил", се зборовите на Барди.

„БАРДИ ИЛИ МЕСИ“ - ГЛАСАЊЕТО НА ШПАНСКАТА „МАРКА“ ТУКА

Како што пренесува шпанската „Марка", од стартот на минатата сезона, нашиот интернационалец постигнал шест голови (од 22 обиди) директно од слободен удар во Примера.

Само Лионел Меси од редовите на Барселона е единствениот играч од Топ 5 европските лиги кој има нешто подобар учинок.

Ако ги земеме само последните две сезони, ѕвездата на каталонскиот гигант има седум голови од слободен удар, но двојно повеќе обиди (58).

Најново во Меѓународен Фудбал