ТАКА СЕ ГУБАТ БОДОВИТЕ

ГЛУМИШ МАНГУП, ШУТИРАШ „ПАНЕНКА"? Леташ надвор, макар да си бил и најдобар...

Во наредните денови ќе се зборува доста за Хелдер Гуедеш...

објавено: 17 април 2018 - 10:30

Во наредните денови ќе се зборува доста за Хелдер Гуедеш...
Поголемиот дел од кариерата го помина играјќи во втората лига. А во оние малку „повозрасни години" стигна до елитата. И јасно е, и не сака тука и да застане.
Хелдер Гуедеш не се исплаши од прволигашкиот предизвик по доаѓањето во Рио Аве (во 2015 година).
Оваа сезона е најдобар стрелец во тимот, но знае често да биде и мошне непријатен.
А тоа не остана незабележано и кај тренерот Мигел Кардосо. На дуелот против Тоднела, го извади својот најдобар играч уште во 39. минута од играта, а тоа значеше и губење на предноста (на крајот средбата заврши 1:1)
Рио Аве имаше предност откако во 25.минута Диего Лопес погоди за водство од (1:0) Но тој погодок падна во сенка на немилата случка која дојде десетина минути подоцна.
Гуедеш изнуди удар од 11.метри, и по секоја цена сакаше да го изведе казнениот удар.
Стандардниот изведувач Пеле на крајот се тргна од белата точка.

Гуедеш се биде онака „мангупски", со прочуената „паненка" да го совлада голманот Клаудио Рамос. Но одличниот голман на Тондела остана „мирен", по што лесно го фати обидот на Гуедеш.
Кардосо побесне, и во првата прилика, првиот прекин на играта го извади Гуедеш надвор од игра.
Најдобриот играч на Рио Аве бурно реагираше, но последната беше на тренерот.
Да се биде уше полошо по Рио Аве, во 52.минута од играта беше досуден пенал за Тондела. Томане беше соборен во 16. метри, исто така, инсистираше да шутира, доби шанса, и погоди за реми.

Најново во Меѓународен Фудбал